В петок премиера на „ Стјуардеси” во театар „Комедија”

04.12.2013 14:50

 

“Стјуардеси,, ќе ја заокружи  сезоната на театарот Комедија.. Режисерот Синиша Ефтимов поставува приказна за полигамен живот меѓу успешен архитект и три стјуардеси, што на крај завршува со распад.. Целото дејствие се случува во еден стан.. 

 

“Стјуардеси,, ќе ја заокружи  сезоната на театарот Комедија.. Режисерот Синиша Ефтимов поставува приказна за полигамен живот меѓу успешен архитект и три стјуардеси, што на крај завршува со распад.. Целото дејствие се случува во еден стан.. 

Станува збор за една класична фарса. -„Стјуардеси“ има седум врати и многу необјасниви ситуации. Бернард е успешен архитект кој има фантастичен стан, домашна помошничка и ја има формулата за совршен полигамен живот. Оваа формула се обидува да му ја претстави на својот најдобар пријател Роберт. Формулата за совршен живот е да се има три стјуардеси од три различни компании  кои патуваат секој ден во Скопје и за секој ден има по една различна девојка. Но равенката многу брзо се распаѓа и сите непријатни ситуации се случуваат во еден стан- појасни Ефтимов.

Улогата на Бернард,успешен архитектт, ја игра младиот Атанас Атанасовски.

 “Имавме одлична соработка и завршивме голема работа.Направивме тимска претстава којашто ќе мора да се игра на таков начин, затоа што ќе биде со многу подавања, за на крајот сите заедно да дадеме гол”.

Директорката на театарот Жугиќ рече дека за прв пат се осмелува да направи претстава во којашто нема да играат сите актери.

 “Од една страна веќе се прави некоја природна селекција, а од друга страна веќе сме веројатно и доволно смели да можеме да застанеме со петмина или шестмина актери на сцена. Сите знаеме дека кога целиот ансамбл е на сцената, шансите за грешка се помали”.

2013-та беше плодна година за театарот Комедија..  Се закити со награди на меѓународните фестивали во Мостар и во Турција, како и на еминентните домашни - Војдан Чернодрински и Охридско лето.. Наредната година ќе добие свое место - стариот објект на Македонскиот народен театар којшто ќе се реконструира.

 

Александра Перевска