Македонската здрава храна во Германија

04.12.2013 14:57

Во Есен, Германија, претставени македонските органски производи на саемот за органски храна, на кој присуствуваа преку 170 учесници. Целта на учеството на саемот е поддршка и промоција на македонскиот агро бизнис сегмент, создавајќи можности за раст и меѓународна соработка во Германија.

Учествуваа 11 компании од Македонија од неколку сегменти: преработка на органско овошје и зеленчук, органски тестенини, сточарство,трговија со месо, трговија со овошје, зеленчук, печурки и други диви производи, кои поседуваат сертификати за органско производство и трговија со органски производи.