НБА

Детроит пречка за шампионот

04.12.2013 15:39

Детроит Пистонс ја прекинаа серијата од десет победи на Мајами Хит и го поразија  шампионот на негов паркет со 107-97. Гостите ја искористија кошмарната ноќ на фавцоритот кој настапи без Двејн Вејд и успеаја да го поправат негативниот скор на 8 победи и 10 порази.  Резервистот Кајл Синглер уфрли 18 коша, а Грег Монро и Родни Стаки постигнаа по 16 поени, кај победникот, додека кај поразените по 23 коша постигнаа  Леброн Џејмс и Мајкл Бизли. Леброн  додаде и 6 асистенции и 5 скока.

Најинтересно беше на мечот во Филаделфија каде што 76-те триумфираа над Орландо во продолжението со 126-125 (104-104). Прв пат во историјата на НБА двајца дебитанти успеаја во ист дуел да остварат трипл-дабл ефект. Домашниот играч Мајкл Картер Вилијамс застана на 27 коша,12 скока и 10 асистенции, а Виктор Оладипо од Орландо го заврши мечот со 26 коша, и по 10 скока и 10 додавања. Поразените за утеха го имаа и најефикасниот на двобојот Арон Афлало со 43 поени. Тој и неговиот соиграч  Глен Дејвис со 33 коша ги имаа најдобрите ефекти во кариерите.

Четвртата екипа зад Индијана, Сан Антонио и Портланд според учинокот досега во лигата, Оклахома, предводена од Кевин Дјурант се врати триумфално од гостувањето кај Сакраменто. Во возбудлива завршница 97-95 за Тандер,  Дјурант најистакнат поединец со 27 поени и 11 скокови. Одлична подршка имаше во Рсел Вестбрук со 15 коша и во Џереми Лемб со 14. Кај Кингс Ајзеа Томас беше прв играч со 24 поени но и неискористен удар за продолжение во последната секунда. 

***

Резултати:

Мајами-Детроит                    97-107

Филаделфија-Орландо         126-125 (104-104)

Сакраменто-Оклахома         95-97

Бостон-Милвоки                   108-100

Бруклин-Денвер                    87-111

Мемфис-Феникс                   110-91

Далас –Шарлот                      89-82

Голден Стејт-Торонто          112-103

Југослав Костовски