Новата Универзална сала ќе биде во форма на јајце

04.12.2013 15:41

Вака ќе изгледа новата Унивезрална сала.  Избрано е идејното решение. Новиот објект ќе има две сали. Големата ќе има 3000 седишта двојно повеќе од сегашната. Малата сала ќе биде наменета за камерни изведби и ќе  може да прими 300 посетители.

Овој труд нуди храбро решение кое со својата визуелност и инвентивност ќе претставува нова културна атракција во скопското урбано милје – истакна Елизабета Канческа Милевска, министер за култура.

Мене ми е мило што доби признание и можност за понатамошна реализација едно барокно решение, кое го третира барокот на еден специфичен начин - рече Вангел Божиновски, претседател на стручна комисија за избор на идејно решение

Според архитектите формата на јајце симболизира раѓање бидејќи тука се одржани сите детски фестивали, тука се родени многу наши ѕвезди.

Одамна мислам и јас на тоа дали е веќе време да дојдат и да направат нова универзална . Би требало да има вакви објекти во секој случај, тоа е добро за секој и за младите и за нас постарите – велат граѓаните.

Месецов ќе се распише тендер за избор на проектантска фирма. На денешната презентација не беше кажан крајниот рок  кога стариот објект, изграден по земјотресот, ќе замине во историјата.

Наташа Јанчиќ