Бразука ќе се тркала на Мундијалот во Бразил

04.12.2013 16:34

Во Рио де Жанеиро е промовирана фудбалската топка со која ќе се играат натпреварите на СП во фудбал во Бразил. На спектакуларната свеченост на која покрај многуте гости присуствуваа и екс холандскиот репрезентативец Кларенс Сидорф и бразилскиот ас Кафу, Адидас, ја претстави досега најтестираната топка. За две и пол години ја испробаа повеќе од 600 фудбалери, дури 30 екипи во десет земји на три континенти. Под своите нозе ја почувствува и Лео Меси, а голманскиот тест го направи  Икер Касиљас.

Инаку, Бразука е збор што во жаргон ги означува Бразилците, а името го доби во септември со јавно гласање во Бразил. Претставувањето на официјалната топка дојде по објавувањето на садовите за распоредот на 32-те репрезентации во пресрет на ждребот на групите за СП, што во директен пренос ќе можете да го следите в петок на МРТ1 во 17 часот.     

Југослав Костовски