Извлекувањето на жрепката под силно обезбедување

05.12.2013 10:49

Утрешното извлекување на жрепката за Светското првенство во Бразил, кое ќе се одржи во Коста до Сауипе  ќе биде со силно обезбедување. Повеќе од 3600 припадници на армијата на Бразил ќе ја гарантираат безбедноста на учесниците. Во безбедносниот план изработен од ФИФА, министерството за одбрана на Бразил и владата на Баија покрај армијата на Бразил се вклучени и полицијата, градските редарски служби и агенти на федералната бразилска разузнавачка служба.

За време на спектаклот анти-терористички трупи заедно со авијацијата и морнарицата ќе патролираат на поширокиот простор на Коста до Саупе, кој е инаку една од најатрактивните туристички локации на североисточниот бразилски брег.

На чинот на извлекувањето на жрепката ќе присуствуваат околу 4800 лица во различни својства, што значи дека за секои четворица акредитирани ќе се грижат по тројца припадници на безбедносните служби.

Златко Калински