Кошарка, домашно првенство

Работнички фаворит против Вардар Апаве

05.12.2013 11:37

Со натпреварот Работнички-Вардар Апаве во салата „Градски Парк“ во Скопје (17.30 МРТ-1), денеска почнува 10.коло, а со тоа и вториот круг од прволигашката фаза во домашниот кошаркарски шампионат. Иако без тренерот Емил Рајковиќ, кој ќе треба ја издржи суспензијата од еден меч заработена поради инцидентот по дуелот со Струмица во претходната средба, најтрофејниот македонски тим важи за апсолутен фаворит и секаков поинаков епилог на дуелот би бил првокласна сензација.

Работнички е единствениот тим покрај Кожув со само еден пораз досега, а една од седумте победи му е и онаа на гости над Вардар Апаве од 78-62 во првото коло. Пред две недели загуби единствено од Кожув, но потоа бргу се опорави од убедливиот неуспех во Гевгелија со триумфот над Струмица минатиот петок и остана на делба на водечката позиција на табелата.

По серијата од четири порази едноподруго, Вардар Апаве во претходното коло го победи тимот на Македонија Млади, иако тој меч не носи бодови поради тоа што младинската репрезентација игра вон конкуренција. Составот на Бранко Андриевски забележа два успеха во осумте одиграни средби, по кои се наоѓа на осмото место на табелата. Вардар Апаве, објективно, важи за огромен аутсајдер не само против Работнички, туку и општо против екипите коишто гравитираат кон врвот, што значи дека надежите за резултатски успеси сепак би требало да ги темели на соочувањата со ривалите од блиското опкружување на табелата, пред се Пелистер, Карпош Соколи, евентуално и Фени Индустри. Евентуално чудо против некој друг, би било вистинска премија за црвено-црните.

Преостанатите натпревари од 10.коло ќе бидат одиграни в петок (Македонија Млади-Карпош Соколи) и в сабота (Куманово-Струмица, Фени Индустри-Кожув и Пелистер-Лирија.

Драган Николовски