Седми пораз на МЗТ Скопје Аеродром

05.12.2013 12:20

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа седмиот пораз во осмиот натпревар сезонава во УЛЕБ Еврокупот. Синоќа во салата ’’Борис Трајковски’’ екипата на македонскиот шампион загуби од Банвит со 68:86. Конечниот резултат не ја отсликува реалната состојба на паркетот, затоа што во три четвртини натпреварот беше неизвесен. Првиот период го доби МЗТ Скопје со 22:21, на полувреме се замина со 40:40, а  на една  минута пред крајот МЗТ водеше со 51:50. Одбраната беше на ниво, успешно беа стопирани противничките кошаркари, кои и покрај сите настојувања,не успеаја да направат разлика.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа седмиот пораз во осмиот натпревар сезонава во УЛЕБ Еврокупот. Синоќа во салата ’’Борис Трајковски’’ екипата на македонскиот шампион загуби од Банвит со 68:86. Конечниот резултат не ја отсликува реалната состојба на паркетот, затоа што во три четвртини натпреварот беше неизвесен. Првиот период го доби МЗТ Скопје со 22:21, на полувреме се замина со 40:40, а  на една  минута пред крајот МЗТ водеше со 51:50. Одбраната беше на ниво, успешно беа стопирани противничките кошаркари, кои и покрај сите настојувања,не успеаја да направат разлика. Но решавачка беше последната четвртина, во која гостинскиот плејмејкер Роуленд имаше свое шоу, за убедливи 31:17 за Банвит. Предводени од својот плејмејкер, гостите лесно ги завршуваа нападите, а од друга страна, кошаркарите на МЗТ соочени со проблемите поради личните грешки, одново демонстрираа недоволна физичка подготовка во завршницата. Исправањето на тие слабости, кои сезонава повеќепати беа изразени во играта на нашиот претставник во УЛЕБ Еврокупот, ќе бидат меѓу главните задачи на новиот тренер Зоран Мартиќ, кој синоќа дебитираше на клупата на МЗТ.    

Роуленд постигна 12 од вкупно 20 –те поени на натпреварот, со висок процент на резлизација (9 /7 за два поена, 2 /2 за тројка), притоа имаше 4 скокови, 6 асистенции и 3 украдени топки. Покрај него најзаслужни за победата се Дејвис, кој континуирано беше на ниво, и заврши со 21 поен, како и Словенецот Препелич со 16 поени, кој беше непогрешлив од 4 –те обиди за три поени.

Во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, Кејт Дејвис беше најефикасен со 14 поени, а покрај него со двоцифрен број поени беше Гечевски, кој постигна 12. На крајот, со својата 4 победа, гостите ги зголемија шансите за следната фаза, додека МЗТ Скопје останува на дното на табелата со само една победа, колку што има и Калев Талин, нивната следна дестинација.

Во рамките на ’’Г’’ групата, Уникс Казан ја прегази екипата од Естонија со 94:44, а Макаби Хаифа во неизвесен финиш ја совлада Рига со 74:72.

На табелата Уникс води со максимални 16 бодови, и е сигурен за следната фаза заедно со Макаби, кој има два бода помалку. За третата позиција Банвит е во предност пред Рига, а во последните две кола, за бекство од дното ќе се борат Талин и МЗТ Скопје Аеродром.

Горан Милковски