НБА лига

Оклахома застана на 11 победи, Антиќ не доби минути

05.12.2013 14:07

Во дерби пресметката во западната конференција, Портланд ја прекина низата на Оклахома, а нашиот интернационалец не заигра во победата против Клиперс.

Ламаркус Олдриџ постигна 38 поени, имаше 13 скокови, 5 асистенции и ниту една загубена топка, со што беше најзаслужен за триумфот на Треилблејзерс со 111:104.

Атланта се врати на победничките патеки, со триумф од 107:97 протиив фаворизираната екипа од градот на анѓелите, без Перо Антиќ кој остана на клупата.

На 20 натпревари на Атланта Хоукс во новата НБА сезона, Перо Антиќ заигра на 11. Досега, тој има просек од 3,8 поени, 2,5 скокови и 0,8 асистенции на натпревар.

Мечот меѓу Минесота и Сан Антонио, којшто требаше да се одигра во Мексико заради популаризација на овој спорт преку јужната граница на САД, беше одложен поради премногу дим во салата. Организаторот вели дека бил предизвикан од неисправен агрегат надвор од салата, додека полицијата процени дека причина за димот бил пожар на четвртиот кат во арената.

***

Резултати:

Портланд – Оклахома 111:104

Атланта – ЛА Клиперс 107:97

Кливленд – Денвер 98:88

Хјустон – Феникс 88:97

Милвоки – Детроит 98:105

Њу Орлеанс – Далас 97:100

Јута – Индијана 86:95

Минесота – Сан Антонио (одложено)

Бранко Чупески