Терористички напад во Јемен 15 војници загинати

05.12.2013 14:33

Терористички напад во Јемен 15 војници загинати

Терористички напад во Jемен. Најмалку 15 војници загинаа, а 40-мина се повредени кога бомбаш-самоубиец активира автомобил полн со експлозив во дворот на Mинистерството за одбрана во Сана. По експлозијата се слушнале и неколку истрели по што воени возила се упатиле кон централната банка која се наоѓа во близина на нападот. Во престрелката со војската се убиени 12-темина напаѓачи кои пристигнале со камиони, веднаш по активирањето на автомобилот бомба. 

Американскиот потпретседател Џо Бајден на средбата во Пекинг го пренесол ставот на Белата куќа дека нововоспоставената кинеска зона над Источното Кинеско Море предизвикува вознемиреност во регионот. Но според кинеските власти, зоната е во согласност со меѓународното право и бараат од САД да ја почитуваат. И покрај тензичната атмосфера меѓу двете моќни сили, аналитичарите смируваат дека Вашингтон и Пекинг не би ризикувале војна бидејќи и двете страни се многу меѓусебно зависни.  

Американската агенција за национална безбедност секојдневно следи 5 милијарди мобилни телефони во светот, пишува „Вашингтон пост“ повикувајќи се на документи добиени од Едвард Сноуден. Според весникот, Агенцијата може да го следи движњето на кој било мобилен телефон  каде било во светот и да изработи мапи на движење на корисниците. Иако поголемиот број корисници не се интересни за Агенцијата, сепак таа собира огромно количество податоци за нивните локации.

Северна Европа се подготвува за големо снежно невреме. Метеоролозите предупредуваат дека изобилните снежни врнежи проследени со ниски температури ќе предизвикаат проблеми во сообраќајот, поплави и покачување на нивото на Северното Море.. Британските синоптирачи најавуваат и силни ветрови што наместа би достигнале брзина и од 145 километри на час. Оркански ветрови се очекуваат и во Германија.