Украинците ќе се борат до крај

05.12.2013 14:42

Украинците не се откажуваат од европските аспирации. Со блокади на Парламентот, упорни во намерата да изнудат промена на власта.  15-ти ден улиците на Киев се преполни.

,,Се собравме тука да го блокираме овој влез и никој нема да стигне дотаму. Ова е единственото нешто на што можеме да се потпреме, друга надеж не ни остана. Ќе останеме тука докрај, се додека Јанукович не замине.,, вели Роман Макаров, жител на Киев.

Украинците не се откажуваат од европските аспирации. Со блокади на Парламентот, упорни во намерата да изнудат промена на власта.  15-ти ден улиците на Киев се преполни.

,,Се собравме тука да го блокираме овој влез и никој нема да стигне дотаму. Ова е единственото нешто на што можеме да се потпреме, друга надеж не ни остана. Ќе останеме тука докрај, се додека Јанукович не замине.,, вели Роман Макаров, жител на Киев.

Ден по посетата на германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, претседателот на Европскиот совет изјави дека "длабоките европски аспирации" на Украинците се јасни и ЕУ е подготвена да им одговори, пренесе "Франс прес". Тој ја охрабри земјата да продолжи со потпишувањето на клучните политички и трговски договори.

„ЕУ е подготвена да одговори на  европските аспирации на луѓето во Украина, деновиве многу актуелни и видливи. Спогодбата за асоцијација, вклучувајќи продлабочена и сеопфатна зона за слободна трговија, нуди иднина за независна и модерна Украина“, изјави Ромпуј за Асошиетед Франс прес.

Вестервеле, кој присуствува на конференцијата на ОБСЕ во Киев, ќе се сретне и со премиерот Микола Азаров. Вчеравечер по разговорите со опозициските лидери Виталиј Кличко и Арсениј Јаценјук, тој ги потсети антивладините демонстранти дека вратите на ЕУ и натаму се отворени.

,,Ние сме тука како Европејци кај Европејци. Ние ги промовираме европските вредности и порачуваме дека вратите на ЕУ остануваат отворени. Украина треба да биде во Европа, бидејќи многу работи нѐ обединуваат,, изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле.

На првата владина седница по почетокот на протестите, Азаров се закани со поостар приод кон демонстрантите, со казни за оние кои ги кршат законите. Тој побара од Западот да не ги потпалува протестите.

„Парламентот ни изгласа доверба. Тоа е одлука на единственото легитимно законодавно тело на нашата држава. Овој факт мора да го признаат и опозицијата и оние во странство.“ изјави Микола Азаров, премиер на Украина.

Под притисокот на Русија, Украина пред две недели го стопираше планираниот Договор за асоцијација со ЕУ. Оттогаш, во земјата непрекинато траат протестите против одлуката на украинскиот претседател Јанукович, кој во време на одржувањето на 20. министерски совет на ОБСЕ  се наоѓа во посета на Кина за преговори околу инвестиции во стопанството на Украина.