Подготовки за Божиќ

06.12.2013 09:46

Во главниот град на Соединетите американски држави

Во главниот град на Соединетите американски држави се чувствува Божиќната атмосфера. Градот е украсен со Новогодишни украси, а пред Конгресот е поставено Божиќното дрвце.

Над 27 метри високата и 79 години старата елка од сојузната држава Вашингтон е Божиќното дрво кое го краси американскиот Конгрес. По 24 денови пат да стигне до главниот американски град, оваа елка од националниот парк Колвил беше украсена со 5000 лампиони направени рачно од луѓето од државата Вашингтон.

„Духот на дарежливост и надеж за сите сезони произлегува од Божиќ. Мир и добра волја за сите луѓе“ - Џон Бејнер-спикер на Конгрес

 За Божиќната атмосфера придонесе и Оркестарот на американските маринци.

Божиќ не е Божиќ без песна на анѓелите, велат во Вашингтон. Децата и нивните Божиќни песни се добредојдени насекаде во градот, па така и пред Конгресот.

Божиќното дрво пред Конгресот традиционално беше осветлено од спикерот Бејнер и 6-годишниот Џовани од државата Вашингтон којшто сака да стане полицаец и беше назначен од спикерот на Конгресот за шеф на конгресната полиција тој ден.

„По 49-ти пат, Божиќното дрвце е поставено пред американскиот Конгрес“.

 

Ирина Гелевска