Кошарка – НБА

И Мајами губи двапати по ред

06.12.2013 11:34

Без возбудувања минаа трите ноќешни натпревари во НБА лигата. Мајами влезе во мини криза затоа што од трите гостински порази сезонава врза два за три дена. „Жешките“ загубија од Чикаго со 107:87. Иако без Дерек Роуз, „биковите“ го контролираа натпреварот и во текот на третиот период имаа и највисоки 25 поени предност. Причина за шестиот домашен триумф на Чикаго беа поголемиот број расположени кошаркари, Карлос Бузер постигна најмногу 27 поени, Луон Денг 20, Тај Гибсон 19, а Жоаким Ноа на 17-те кошеви додаде и 15 скокови.

Без возбудувања минаа трите ноќешни натпревари во НБА лигата. Мајами влезе во мини криза затоа што од трите гостински порази сезонава врза два за три дена. „Жешките“ загубија од Чикаго со 107:87. Иако без Дерек Роуз, „биковите“ го контролираа натпреварот и во текот на третиот период имаа и највисоки 25 поени предност. Причина за шестиот домашен триумф на Чикаго беа поголемиот број расположени кошаркари, Карлос Бузер постигна најмногу 27 поени, Луон Денг 20, Тај Гибсон 19, а Жоаким Ноа на 17-те кошеви додаде и 15 скокови. Проблемот за шампионот беше што во отсуство на повредениот Двејн Вејд, Леброн Џејмс немаше поддршка од Крис Бош. „Кралот“ постигна 21 поен, Мајкл Бизли 15, Норис Кол 12.

На Њујорк му здодеаја поразите, па по серијата од девет загубени мечеви, славеше во градската пресметка со Беуклин, 113:83. Кармело Ентони беше најефикасен кај гостите со 19 поени, Иман Шамперт реализираше 17. Кај „Нетс“ Брук Лопез уфрли 24, а Џо Џонсон 13 кошеви.

Гостински триумф оствари и Клиперс, 101:81 против Мемфис. За тенерот на екипата од Лос Анџелес ова беше 600-та победа во кариерата по којашто е трет меѓу активните стручњаци во НБА зад Грег Попович од Сан Антонио и Рик Аделман од Минесота. Тројца гостински кошаркари постигнаа по 15 поени, Крис Пол, Дерек Колисон и Џамал Крафорд. Прв поентер на дуелот беше играчот на “гризлите“ Костас Куфос со 17 кошеви.

Резултати:

Чикаго – Мајами                   107:87

Бруклин – Њујорк                 83:113

Мемфис – ЛА Клиперс        81:101

Горан Стерјов