Поддршка за стопанството

06.12.2013 12:31

Многу компании ги користат повеќето програми на Влатата со кои се поддржува производството, а се поголема е заинтересираноста и за ИПАРД програмата.

Вицепремиерот за економски прашања Пешевски вели дека така капацитетите можат да се зголемат и до седум пати за само неколку години.

Започната е и посптапката за обезбедување нови 100 милиони евра од европската инвестициска банка.

„Се работи за кредитни линии по исклучително поволни услови со 5,5% камата годишно. Во сите компании во Македонија веќе знаат за неа и ја користат. Таа многу помогна за да се надминат проблемите со економската криза“, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Учиме од бизнисот, пак, е проект со кој се разгледуваат од 100 до 200 барања годишно од бизнисмените кои бараат поддршка за различни предизвици.

„Од имотноправни процеси, некои владини политики, мерки за субвенции, потоа од разни лиценци и процедури кои ги прави државата, а се поедноставуваат, така што тој процес во континуитет тече“, посочи Пешевски.

Од бизнис секторот се задоволни бидејќи владината поддршка ја добиле кога им била најмногу потребна.

„Во овие тешки времиња кога имаше огромни диспаритети со сировините за сточна храна и цената на свежото свинско месо, да не беше поддршката од Владата тешко дека ќе успеевме да се одржиме“, вели бизнисменот Веле Ристовски, чија свињарска фарма во тетовско Челопек ја посети владиниот економски тим.

Пешевски најави дека во рамки на редовните активности ќе се продолжи со контакти со претставници на бизнис заедницата.

Зоран Јованоски