СП фудбал Бразил 2014

Извлекувањето како загревање за Мундијалот

06.12.2013 12:39

32 дена во 2014-та година кога се ќе застане, фудбалот од споредна ќе прерасне во најважна работа на светот. 20-то Светско првенство ќе биде најфудбалско затоа што од 12-ти јуни до 13-ти јули наредната година ќе се одржи во најфудбалската земја во светот. Извлекување на составот на групите ќе биде само најава за планетарниот настан. 32 репрезентации сместени во четири квалитативни групи ќе чекаат каква судбина ќе им скројат Зинаедин Зидан, Лотар Мауес, Фабио Канаваро, Кафу, Џеф Хартс и Алсидес Џиџа кои ќе бидат задолжени за делењето среќа попладнево во Коста до Сауипе.

Меѓу учесниците се наоѓаат осум светски шампиони коишто со исклучок на домаќинот Бразил, беа дел од квалификацискиот циклус во којшто се одиграа 820 натпревари. Со дел од своето огромно богатство или прецизно 576 милиони ФИФА ќе ги награди федерациите чиишто репрезентации ќе настапат во 12-те бразилски градови и исто толку стадиони. Новиот мундијалски шампион ќе заработи 35 милиони долари.

79 телевизиски и 30 радио станици ќе ја емитуваат ждрепката во речиси 200 земји. Меѓу нив е и Македонија благодарение на јавниот сервис којшто е ексклузивен носител и на правата за Светскиот шампионат – Бразил 2014-та. Преносот од денешното извлекување коешто според најавите на организаторот ќе претставува вистинско шоу, ќе биде на МРТ1 со почеток во 17 часот.

Горан Стерјов