Скијање

Линдзи Вон повторно на ски патеките

05.12.2013 12:42

Канадски Леик Луис е дестинацијата каде на едно место се најдобрите планетарни скијачки, за да го одработат вториот спуст во сезонава.

Првиот тренинг мина со сиот фокус насочен кон Американката Линдзи Вон. Таа по фебруари месец и Светскиот шампионат кога се здоби со ужасна повреда, која пак минатиот месец во помали размери ја обнови, го прави првото официјално пуштање во најбрзата дисциплина, спустот, во која до тој втор месец во гоинава беше неприкосновена.

Најбрзото тренинг време го извозе Кастело, за Вон часовникот покажа 19-то, но сепак 29 годишната Американка ќе рече: “бев нервозна, но истовремено и среќна што бев на патеката, помина доста време од фебруари и последната моја трка. Прекрасно е повторно да се биде тука, во Лејк Луис иако мојата трка беше далеку од перфектна, но на крајот на краиштата сепак ова е само тренинг.”

За повредата ќе додаде дека коленото го чувствува добро, но сеуште не е сигурна дали ќе настапи на трката в сабота.

Леик Луис е омилената патека на Вон на која има 14 победи како никој друг досега на едно исто место, од кои 11 се во најлудата трка.

Ирена Андреевска-Димитриевска