Израелски бизнис во овошни насади

06.12.2013 13:23

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо  Димовски , денеска се сретнаа со претставници од компанијата НИР од Израел, која се занимава со производство и преработка на земјоделски производи. Израелците планираат  да се запознаат со можностите за  производство, откуп преработка и извоз на јаткасти овошни производи и  проширување на нивната дејност во Македонија. Тие сакаат да вложат во земјоделскиот сектор, подигање на нови овошни насади, за инвестирање во  преработувачката индустрија, како и во откупно дистрибутивен центар.

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо  Димовски , денеска се сретнаа со претставници од компанијата НИР од Израел, која се занимава со производство и преработка на земјоделски производи. Израелците планираат  да се запознаат со можностите за  производство, откуп преработка и извоз на јаткасти овошни производи и  проширување на нивната дејност во Македонија. Тие сакаат да вложат во земјоделскиот сектор, подигање на нови овошни насади, за инвестирање во  преработувачката индустрија, како и во откупно дистрибутивен центар. Министерот Наумоф оцени дека бројот на инвестиции во аграрот  се зголемува. Гостите од Израел  се подготвени во најкраток рок да почнат остварување на  нивните проекти во Македонија.