Блок свет

Силно невреме во Европа

06.12.2013 13:27

Во силното невреме што ги погоди Велика Британија, Германија, Полска, Австрија и скандинавските земји загинаа 9 лица. Сообраќајот беше во целосен хаос во речиси целиот дел од западна Европа, а освен авиосообраќајот, запрени беа и возовите и траектите. Десетици илјади домови останаа без електрична енергија. Некои училишта во северните делови на Холандија порано се распуштени во очи традиционалната верзија на Божик, Синтерклас.

„Ова е мојот најголем страв, сега сме комплетно оставени самите на себе. Се надевам дека никој нема да биде повреден“.

Студениот бран се очекува вечерва да ја погоди Чешка.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев негираше дека неговиот однос со претседателот Путин е напнат, додајвајќи дека е можно повторно да се кандидира за претседател. Медведев го критикуваше законскиот предлог со кој им се дава право на различни правосудни органи и служби да подигнуваат кривични пријави поради неплаќање даноци, без учество на Федералната даночна служба. На тоа Путин остро реагирал велејќи дека сите оние со иницијативи, тоа треба претходно да го сторат во Кремљ, а дури потоа да излезат на телевизија.

Шангајските власти издадоа наредба младите да останат во затворени простори и ги запреа работите на градилиштата  бидејќи градот се соочува со едно од највисоките нивоа на загаденост кое ја спушти видловоста на едвај неколку десетини метри. Концентрацијата на штетните честички изнесува 602, 5 микрограми, споредбено со безбедното ниво од 35 микограми. Вината за загадување експертите ја припушуваат најмноху на загадувањето од термоелектраните во комбинација со неповолните временски услови.

Во оружен напад на милитантите на Министерството за одбрана во центарот на главниот град Јемен, убиени се најмалку 52 лица, а повредени се најмалку 167.  Меѓу загинатите има војници, цивили и 7 странци.  Одговорноста за нападот ја презеде локалната фракција од терористичката мрежа на Ал Каеда.