НБА Лига

Атланта победува без Антиќ

07.12.2013 15:47

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ преседе на клупата без да стапне на паркетот во уште еден НБА-натпревар којшто неговата Атланта го реши во своја корист. Хокс ноќеска триумфираа над Кливленд Кавалирс со 108-89, што за нив беше 11.победа во 21.меч во годинашната сезона во професионалната конкуренција. Ал Хорфорд постигна 20, а Пол Милсап додаде 16 поени за Атланта, за која ова беше седми успех во десеттиот натпревар на домашен паркет. Со биланс над педесет насто, екипата на Антиќ е на третото место на табелата во источната конференција.

Лос Анџелес Лејкерс триумфираше на гостувањето кај Сакраменто со 106-100, два дена пред најавеното враќање на опоравениот Коби Брајант во дресот на „езерџиите“, на неделниот меч со Торонто. Пау Гасол и Џоди Микс со по 15 коша беа најпрецизни во тимот на Лејкерс, кој со биланс од 13 победи и 7 порази е четврти во западната конференција.

Екипата на  Њујорк ја прекина серијата од шест порази по ред, со уверлива победа над Орландо од 121-83. Најзаслужен за само петтиот триумф на Никс во 18.натпревар во сезоната беше Кармело Ентони со 20 поени, 11 скокови и 4 асистенции.

*

НБА лига, резултати од петок

Атланта – Кливленд              108-89

Сакраменто – ЛА Лејкерс      100-106

Њујорк – Орландо                  121-83

Шарлот – Филаделфија         105-88

Вашингтон – Милвоки           105-109 (по продолжение)

Бостон – Денвер                     106-98

Хјустон – Голден Стејт         105-83

Њу Орлеанс – Оклахома Сити 95-109

Феникс – Торонто                  106-97

Портланд – Јута                     130-98