Јадранска лига

Пресвртница против Широки

07.12.2013 16:20

МЗТ Скопје Аердором денеска ќе му гостува на Широки во 11.коло од Јадранската лига. Македонскиот првак лани двапати триумфираше против ривалот од Босна и Херцеговина, а на идентичене епилог се надева и на овој дуел со оглед дека ќе игра против една од најслабите екипи во АБА друштвото. Широки досега оствари два победи на десет средби, а билансот на „штрковите“ е 4-6.

На мечот со МЗТ, Широки ќе биде засилен со Карло Враговиќ и со Иван Опачак, кои првпат ќе настапат пред гледачите во арената „Пецара“ по враќањето во својот некогашен клуб. Кај нашиот состав тренерот Зоран Мартич ќе смета на сите играчи во обидот да ја забележи првата победа откако е на чело на тимот.

Минатата сезона беше драматично, МЗТ Скопје го победи Широки со тројка во последната секунда на Тодор Гечевски, а како ќе биде овој пат, видете во преносот на Собранискиот сервис на МРТ, денеска од 17 часот.

***

Јадранска лига, 11.коло, денеска:

Широки – МЗТ Скопје (МРТ, 17.00)

Будуќност – Цедевита

Раднички – Крка

Утре:

Шолнок – Партизан

Цибона – Игокеа

Олимпија – Мега Визура

Понеделник:

Црвена Звезда - Задар

Тони Стојановски