НБА Лига

Шампионот не губи трипати по ред

08.12.2013 14:07

Ни крива, ни должна, Минесота скапо ја плати цената што актуелниот НБА шампион Мајами доживеа два пораза едноподруго. „Жешките“ ноќеска триумфираа убедливо на теренот на Тимбервулфс со 103-82, понесени од ефектот на Леброн Џејмс, кому му недостигаа две асистенции за да оствари „трипл дабл“. Запиша 21 поен и 14 скокови. Двејн Вејд придонесе со 19 поени, но значаен фактор за неуспехот на Минесота беше и неирањето на нејзиниот главен адут Кевин Лав, поради „лични проблеми“. Иако забележа солидни бројки, 18 коша и 12 скокови, Никола Пековиќ беше само делумна замена за отсутниот Лав.

Најдобриот тим во лигата, Индијана, не покажа разбирање за дострелот на асот на Сан Антонио, Тим Данкан, којшто ја надмина границата од 24000 коша во кариерата. Неговите 10 поени и 6 асистенции беа премал ефект од високите играчи на Спарс, па во дербито на вечерта тимот загуби на домашен паркет со 100-111. Не беше на ниво ниту Тони Паркер, со 13 коша и со две асистенции, а Пејсерс максимално ја искористија лошата вечер на противникот. Во нивната победа Пол Џорџ придонесе со 28, а Дејвид Вест со 20 поени.

Ново разочарување на своите навивачи им приреди и Чикаго, со убедлив пораз од Детроит од 75-92. На отсуството на Дерик Роуз, за кого сезоната веќе заврши, се надоврза и повредата на Луол Денг, па и без него, Булс беа немоќни за посилен отпор. Со 21 кош прво име на Чикаго беше Тај Гибсон, но играч на натпреварот беше плејмејкерот на Детроит Брендон Џенингс, којшто постигна 33 поени.

*

НБА Лига, резултати од сабота

Минесота – Мајами              82-103

Сан Антонио – Индијана     100-111

Чикаго – Детроит                  75-92

Филаделфија – Денвер         92-103

Мемфис – Голден Стејт        82-108

Милвоки – Бруклин             82-90

Портланд – Далас                 106-108

Јута – Сакраменто                 102-112 (по продолжение)

Кливленд – ЛА Клиперс      88-82