Јадранска лига, 11.коло

Ниту една предност не е доволна

08.12.2013 22:11

Иако водеше со 18 поени, МЗТ Скопје загуби од Широки со 67-63 по дополнителните пет минути на гостувањето во „Пецара“. Како и на наттпреварот со Цибона кога создаде 16 коша разлика, повторно се покажа дека македонскиот првак во оваа фаза од сезоната не е доволно подготвен да одигра на исто ниво во текот на сите 40 минути. Пеколното темпо среда – викенд придонесува тимот од Аеродром да не биде на ланското рамниште од настапите во Јадранската лига. По 11 меча, МЗТ има само четири победи и дури седум порази пред дуелот со фаворитот Црвена Звезда во Скопје, наредната недела.

А во 11-та рунда од АБА друштвото, Будуќност пред своја публика го доби дербито со Цедевита со 64-60 и им овозможи на Партизан и на Црвена Звезда со евентуални победи во ова коло да останат осамени на врвот на табелата.

На нашата програма денеска ќе можете да го гледате натпреварот меѓу Цибона и Игокеа, на Собранскиот сервис на МРТ, веднаш по завршуваето на фудбалските возбудувања од арената „Филип втори“ на пресметката меѓу Вардар – Шкендија.

***

Јадранска лига, 11.коло, резултати:

Широки – МЗТ Скопје 67-63 (продолжување)

Будуќност – Цедевита 64-60

Раднички – Крка 84-77

Денеска:

Шолнок – Партизан

Цибона – Игокеа (МРТ Собраниски, 18.50)

Олимпија – Мега Визура

Утре:

Црвена Звезда – Задар

Тони Стојановски