Блеснаа светлата на новиот МНТ

08.12.2013 22:18

По половина век, како феникс од пепелта повторно се издигна македонскиот народен театар. Грандиозниот објект блесна во сиот свој сјај. Вратите отворени со „Вечната куќа“ на авторот Плевнеш. Делото го пишувал 12 години како  ретроспектива на мачната македонска историја.

-И самата река е среќна што е изграден овој театар, бидејќи оваа река е многу славна во светската историја, неа ја споменува и Хомер во Илијада, но покрај Вардар не бил досега изграден национален театар-изјави Јордан Плевнеш, автор на делото.

Актерите, режисерите, културните дејци не можеа да ја скријат возбудата што конечно ќе работат во еден репрезентативен објект, на штиците што живот значат.

-Сметам дека македонскиот народен театар е едно од главните места каде што се чува идентитетот, културата, културните вредности, тие се развиваат и се дел од времето кое што го живееме- изјави Дејан Пројковски- режисер

-како директор и како актер сум возбуден и среќен и го имам она чувство што само ме грее и ми дава мотив да го направиме театарот да биде уште подобар- изјави Дејан Лилиќ- директор на МНТ

Премиерата ги собра јавните личности во земјава, но и дипломатскиот кор , а државниот врв смета дека со театарот се обезбедува иднината на македонската култура и идентитет.

-Новата изградба го запазува архитектонскиот надворешен и внатрешен изглед, со најсовремена сценска технологија која што ќе даде една нова ера за нашите уметници, за нашата театарска уметност и култура- изјави Елизабета Канческа Милевска, министер за култура 

-Повозрасните ќе се сетат на најубавите денови од овој театар во неговото претходно издание бидејќи ова е едно сведоштво бидејќи има и музејска поставка за тоа каков  бил театарскиот живот во Македонија и ќе биде училиште за младите да видат каков бил тој живот и каков е сега- изјави Ѓорге Иванов- претседател на РМ

- За мене ова е уште едно исполнето ветување, што го дадов пред граѓаните и еден од многуте проекти за кој додека се градеше трпев многу критики, кога се изгради некое време молк, па потоа честитки, изјави никола Груевски, преседател на Влада

-Ова е прекрасно здание кое ќе остане во сеќавање на идните генерации кои ќе дојдат и секако за сите случувања кои во македонија ги има, изјави Трајко Вељановски, претседател на Собрание на РМ

На крајот, по три ипол часовната изведба, ноќта заокружена со громогласен аплауз и овации, за трудот, посветеноста и залагањето на целиот ансабл на македонскиот народен театар.

Андријана Атанасовска