Фудбал Прва лига – 19 коло

Турново есенски прволигашки лидер

09.12.2013 18:49

Без разлика на квалитетот, ова фудбалско првенство барем досега е најнеизвесното. Причина за тоа е фактот дека шесте екипи од горниот дел од табелата се во растојание од само седум бодови што теоретски значи дека сите се кандидати за титулата. Во 19-тото коло, завршно во есенскиот дел, немаше без гостинска победа. Губитник е Вардар, добитници Турново кој ќе презими на врвот и Пелистер. Иако беа подобри и промашија многу шанси, вардарци одигра само 0:0 против Шкендија којашто не реализираше пенал.

Без разлика на квалитетот, ова фудбалско првенство барем досега е најнеизвесното. Причина за тоа е фактот дека шесте екипи од горниот дел од табелата се во растојание од само седум бодови што теоретски значи дека сите се кандидати за титулата. Во 19-тото коло, завршно во есенскиот дел, немаше без гостинска победа. Губитник е Вардар, добитници Турново кој ќе презими на врвот и Пелистер. Иако беа подобри и промашија многу шанси, вардарци одигра само 0:0 против Шкендија којашто не реализираше пенал. Турново беше убедлив против Работнички со 3:0 со хет – трикот на Блажевски кој е прв стрелец во лигата со 19 голови. Пелистер со 4:0 го надигра Напредок. Стрелец на два гола беше бугарскиот интернационалец Воденичаров, по еден постигнаа Мојсов и Алтипармаковски. Голови немаше на дуелот Еуромилк – Металург. Екипата од „Железарница“ заедно со Ренова имаат најмногу нерешени по девет, но во оваа рунда „гипсарите“ со пресврт триумфираа против Брегалница со 3:1. На водечкиот погодок на Илиев, Ренова одговори со головите на Фетаи, Реџепи и на Мемеди. Сигурна беше и Македонија Ѓорче Петров којашто го совлада Гостивар со 4:0 со трите гола на Ѓурѓевиќ и погодокот на Адем. Првата лига ќе продолжи на 2 март наредната година. Во триото водечки екипи со по 34 бодови, Турново е прв затоа што има најдобра гол разлика и тоа +22, Вардар + 13, Пелистер +6. Работнички има трои бода помалку, Металург четири, додека со 26 во игра е и Ренова. Бидејќи од наредната сезона, Првата лига ќе се скрати на десет клубови, на крајот на оваа ќе испаднат четири тима. Затоа пролетта ќе биде неизвесна за Еуромилк и за Шкендија коишто собраа по 23, за Брегалница којашто има 22 и пред се за Македонија Ѓорче Петров со 19, за Напредок со 13 и за Гостивар со 11 бодови.

****

Резултати – 19 коло

Вардар – Шкендија               0:0

Турново – Работнички         3:0

Пелистер – Напредок           4:0

Еуромилк – Металург          0:0

Ренова – Брегалница                        3:1

Македонија ЃП – Гостивар  4:0

Табела:

 

1. Турново                              34

2. Вардар                                34

3. Пелистер                            34

4. Работнички                        31

5. Металург                            30

6. Ренова                                27

7. Еуромилк                           23

8. Шкендија                           23

9. Брегалница                       22

10. Македонија ЃП                19

11. Напредок                         13

12. Гостивар                          11