Шинаватра најави предвремени избори во Тајланд

09.12.2013 18:54

Премиерката на Тајланд Инглак Шинаватра најави распуштање на Парламентот и одржување предвремени парламентарни избори, но и натаму не успева да ги смири политичката криза и протестите на опозицијата. Ненадејната изјава на Шинаватра се случи во моментот кога околу 100 илјади демонстранти излегоа на улиците на Бангкок да бараат смена на владата и заминување на влијателното семејство Шинаватра од земјата. Вчера, сите опозициски пратеници го напуштија парламентот, а за денеска е најавен марш кон зградата на Владата.

Премиерката на Тајланд Инглак Шинаватра најави распуштање на Парламентот и одржување предвремени парламентарни избори, но и натаму не успева да ги смири политичката криза и протестите на опозицијата. Ненадејната изјава на Шинаватра се случи во моментот кога околу 100 илјади демонстранти излегоа на улиците на Бангкок да бараат смена на владата и заминување на влијателното семејство Шинаватра од земјата. Вчера, сите опозициски пратеници го напуштија парламентот, а за денеска е најавен марш кон зградата на Владата. Опозициските лидери велат дека нема да бидат задоволни само со смена на премиерката, туку сакаат да го ослободат Тајланд од нејзиното моќно семејство..