Лига на шампиони

Ставрев суди Австрија Виена-Зенит

09.12.2013 19:08

Најдобриот македонски фудбалски судија Александар Ставрев в среда ќе го води мечот Австрија Виена-Зенит, од шестото коло во групната фаза во Лигата на шампионите. УЕФА вторпат сезонава му даде доверба на нашиот арбитар во главниот натпреварувачки сегмент од елитната европска конкуренција, откако пред месец и половина ја делеше правдата и на средбата Галатасарај-Копенхаген.

Мечот ќе решава за тоа кој ќе биде вториот тим од групата „Г“ којшто заедно со Атлетико Мадрид ќе се пласира во 1/8-финалето. На руската екипа ќе и треба победа за сигурно да го освои второто место, независно од средбата Атлетико-Порто. Дебитантот Австрија нема шанси да продолжи со настапите во Европа и напролет, бидејќи секако ќе заврши на последната позиција во групата.

И на натпреварот на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена, во улога на помошници на Ставрев ќе му бидат постојаните соработници, Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски асистираат од зад гол-аут линиите. Четврти судија ќе биде Никола Караколев. Како специјален набљудувач, нивната арбитража ќе ја следи поранешниот познат англиски судија Дејвид Елери, којшто е член судискиот комитет на УЕФА. Неговата висока функција може да се толкува и дека УЕФА размислува Ставрев, кој еднаипол сезона е дел од категоријата елитни развојни судии, оваа зима да го унапреди дури и во највисоката и најквалитетна група елитни судии, од којашто се одредуваат арбитрите за најзначајните натпревари.  

Претходно, Александар Ставрев сезонава судеше и два натпревара во Лига Европа, Салцбург-Жалгирис од плеј-оф колото, а потоа Виган-Марибор од групната фаза.

Драган Николовски