Завршни битки за останување во Лигата на шампионите

09.12.2013 23:18

Започнува сведувањето на сметките во групната фаза од Лигата на фудбалските шампиони. Вечер се отвораат вратите на 8 стадиони за екипите кои ги сочинуваат А, Б, Ц и Д групата.

Започнува сведувањето на сметките во групната фаза од Лигата на фудбалските шампиони. Вечер се отвораат вратите на 8 стадиони за екипите кои ги сочинуваат А, Б, Ц и Д групата.

Во А групата сигурен учесник во нокаут фазата е Манчестер јунајтед, на второто место јуришаат Шахтјор и Баер Леверкузен. Во Б групата Реал Мадрид е супериорен, а Јувентус и Галатасарај во меѓусебниот дуел го коваат опстанокот во Лигата на шампионите.На Јувентус му е доволен бод,на екипата на Галатасарај и е неопходна победа. ПСЖ е неприкосновен во Ц групата.Олимпијакос со победа над Андерлехт ќе обезбеди билет за 1/8 финалето, а Бенфика има пред себе тешка мисија:победа над ПСЖ и надеж дека Андерлехт нема да загуби во Атина.Во Д групата натпреварот меѓу Баерн и Манчестер сити ќе решава за првото место, а Плзењ и ЦСКА ќе ја бијат битката за учество  во Лигата на Европа.

 

А група:

Манчестер јунајтед-Шахтјор

Реал Сосиедад- Баер Леверкузен

Табела:

1.Манчестер јунајтед 11

2.Шахтјор                      8

3.Баер Леверкузен        7

4.Реал Сосиедад            1

 

Б група:

Галатасарај- Јувентус

Копенхаген- Реал Мадрид

Табела:

1.Реал Мадрид            13

2.Јувентус                     6

3.Галатасарај                4

4.Копенхаген                4

 

Ц група:

Бенфика- ПСЖ

Олимпијакос- Андерлехт

Табела:

1.ПСЖ                          13

2.Олимпијакос               7

3.Бенфика                       7

4.Андерлехт                   1

 

Д група:

Баерн Минхен- Манчестер сити

Плзењ- ЦСКА Москва

 

Табела:

1.Баерн Минхен            15

2.Манчестер С.              12

3.ЦСКА                            3

4.Плзењ                            0

 

Сите натпревари започнуваат во 20 часот и 45 минути.

Златко Калински