МЗТ Скопје остана во долниот дел од табелата

10.12.2013 11:05

Кошаркарите на македонскиот шампион втор пат едно по друго беа поразени по огромно водство во текот на натпреварот, што по 11 кола резултира со лош биланс и со неочекувано место во поредокот на регионалното натпреварување.
 
Двата врзани пораза, од Широки (+18 на полувремето) и од Цибона (+26 во текот на мечот), а меѓу нив и очекуваниот од Банвит во Еврокупот, се најава за нова црна серија на екипата што не претставува во две екстремно квалитетни натпреварувања.
 
МЗТ се наоѓа на неубедливата 8-ма позиција, со 4 победи и со 7 порази во АБА лигата. На врвот е Црвена Звезда, по триумфот против Задар. Црвено-белите се единствената екипа со 2 пораза и со 9 победи, по поразот на Партизан кај Солнок и на Цедевита од Будуќност.
 
По 11-то коло, дополнително е поразителен фактот, што екипите кои што МЗТ Скопје лесно ги преслушуваше, забележаа победи против екипи што од друга страна, со леснотија победуваа против нашиот претставник (победите на Будуќност против Цедевита и на Игокеа кај Цибона).
 
Ова е само уште една илустрација на изедначеноста на лигата и на шансата што сезонава ја пропушта македонскиот преставник. Распоредот во наредните неколку ккола е огромен предизвик, за пред се исцрпената екипа на Аеродромци, која што едвај чека на 18-ти да завршат обврските во УЛЕБ Еврокупот.
 
Во 12-то коло, во Скопје доаѓа лидерот Звезда, потоа МЗТ гостува кај Раднички и кај Унион Олимпија, во три екстремно тешки дуели. Во 15-то во СЦ Борис Трајковски, доаѓа Солнок.
 
Резултати 11 коло:
 
Широки – МЗТ Скопје 67:63
Ц. Звезда – Задар 82:69
Солнок – Партизан 76:71
Будуќност – Цедевита 64:60
Раднички К. – Крка 84:77
Цибона – Игокеа 74:82
Олимпија – Мега Визура 88:75
 
Табела:
 
Ц. Звезда 9/2
Партизан 8/3
Цедевита 8/3
Цибона 7/4
Будуќност 7/4
Игокеа 7/4
Мега Визура 5/6
МЗТ Скопје 4/7
Раднички 4/7
Задар 4/7
Шолнок 4/7
Крка 4/7
Унион О. 3/8
 
Широки 3/8