Грција ќе има потреба од трет пакет финансиска помош

Реглинг: Грција ќе има потреба од трет пакет финансиска помош во 2014 година

06.10.2013 19:27

Грција ќе има потреба од трет пакет финансиска помош во 2014 година, изјави директорот на Европскиот стабилизациски механизам Клаус Реглинг во интервју за весникот „Ханделсблат“

 
Грција ќе има потреба од трет пакет финансиска помош во 2014 година, изјави директорот на Европскиот стабилизациски механизам Клаус Реглинг во интервју за весникот „Ханделсблат“. 
 
Според Реглинг Атина нема да може сама да обезбеди пари во 2014 година за пополнување на буџетските дупки, поради што ќе има потреба од нов пакет финансиска помош. Одлуката за тоа треба да ја донесат министрите за финансии од еврозоната, нагласи тој. 
 
Реглинг не е првиот што ја отвора ваквата можност. Непосредно пред изборите во Германија на 22 септемри прашањето беше отворено и од германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.