Хрватите се раздолжуваат кон банките

10.12.2013 11:57

Хрватите и компаниите се повеќе се раздолжуваат кон банките

Хрватите  и компаниите  се повеќе се раздолжуваат кон банките, а помалку земаат нови кредити. Податоците на Хрватската народна банка  покажуваат дека граѓаните отплатиле за 260 милиони евра станбени кредити повеќе отколку што земале нови.Тоа за аналитичарите е доказ дека не се купуваат ниту нови станови нути пак автомобили. Кредитната маса е намалена  за третина, покажува извештајот на ХНБ. Истовремено се топат  и минусите на платежните картички  на граѓаните во банките.Заклучно со октомври биле покриени 53  милиони евра долгови  на сметките.За разлика од државата,  која за една година го зголемила долгот за 787 милиони евра, приватниот сектор во исто време  ги намалил кредитите за 1,1 милјарда. Растот на штедењето забавува, велат од ХНБ и тој е за половина помал  во однос на лани, што е доказ за сериозно намалување на  куповната моќ на граѓаните.

Свето Николовски