Не престануваат насилните демонстрации во Украина

10.12.2013 12:24

Во Украина интервентните единици и антивладините демонстранти цела ноќ се судираа на завеаните улици во престолнината Киев. Засега нема информации за повредени, со оглед на тоа што синоќешните инциденти биле помалку насилни од минатонеделните кога полицијата предизвика гнев кај граѓаните.

„Сигурна сум дека се ќе биде во ред. Знам дека луѓето не сакаа да се случи ова, но ми се допаѓа што се држат заедно и што веруваат во промени,“изјави една студентка.

Една од водечките опозициски партии изјави дека вооружените безбедносни сили упаднале во нејзините простории и ја запалиле компјутерската опрема. Протестите се случуваат поради одбивањето на претседателот Јанукович да го потпише договорот за приклучување кон ЕУ, што многу Украинци го посакуваа за земјата да се сврти кон Западот и да се намали влијанието на Русија врз поранешната советска република.

Најмалку 14 лица загинаа, а шестмина се повредени кога се превртела цистерна со гориво во градот Кафр ел Зајат, по што експлодирала. Несреќата се случила во текот на ноќта и засега не се знае причината. Во Египет често се случуваат сообраќајни несреќи поради лошото одржување на патиштата и непочитувањето на сообраќајните правила.

50 лица се затруле од токсични гасови поради истекување неутврдена хемиска супстанција во индустриска зона во американската сојузна држава Калифорнија.  Настраданите биле вработени во една компанија која имала простории во близина на местото каде што се случило истекувањето. Локалните власти не спровеле евакуација, меѓутоа побарале од локалното население да се засолни во затворени простории. Експертите за опасни материи се обидуваат да ја утврдат причината за истекувањето.

Според министерот за административен развој Хани Махмуд во Египет во средината на јануари ќе се одржи референдум за новиот устав. Тој рече дека гласањето во сите делови на Египет ќе трае два дена. Египетското Собрание во минатата недела го заврши предлог-уставот и му го предаде на привремениот претседател Адли Мансур, којшто сега треба да го одреди точниот датум за одржување на референдумот.

Марина Автовска