Кошарка – НБА

Блескава ноќ на Стефон Кари

10.12.2013 13:33

3:3 домашни – гости во ноќешните НБА натпревари. Иако Стефон Кари собра 43 поени, 9 скокови, 6 асистенции и 2 блокади, Голден Стејт загуби на гостувањето кај Шарлот со 115:111. „Вориорс“ анулираа минус 12 од полувремето, но индивидуалниот ефект на Кари не беше доволен за комплетен пресврт. Прв играч на Шарлот беше Кемба Вокер со 31 поен.

Најнеизвесниот дуел му припадна на Денвер којшто со 75:74 славеше во Вашингтон. „Визардс“ водеа во текот на целиот меч, но дозволија драматична завршница во којашто имаа четири неуспешни обиди за продолжение и тоа во последните 30 секунди. Најзаслужни за триумфот на „Нагетс“ беа Вилсон Чендлер со 17 и Нејт Робинсон со поен помалку. Џон Вол со 20 кошеви беше најрасположен кој домаќинот, но не успеа да го реализира последниот напад на четири секудни до крајот.

Падот во играта во четвртиот период не ги сопре Клиперс да триумфираат во Филаделфија. Во победата од 94:83 најкорисни беа Крис Пол со 25 поени и 13 асистенции, Блејк Грифин со 26 кошеви и Де Андре Џордан со 11 поени, но и со дури 21 скок. 

Иако имаше пет кошаркари со двоцифрен ефект, лошото прво полувреме го чинеше Орландо пораз на гости кај Мемфис со 94:85. Најзаслужен за славјето на „Гризлис“ беше Зак Рендолф со 19 поени и 12 скокови.

Портланд во Солт Лејкс Сити ја совлада Јута со 105:94 благодарение на Лемаркус Олдриџ кој реализираше 24 поени, 6 скокови и 4 додавања за кош.

Сакраменто го изненади Далас со 112:97. Најразигран на мечот беше Демаркус Казн со 32 поена и 19 скокови.

****

Резултати:

Вашингтон – Денвер                        74:75

Шарлот – Голден Стејт        115:111

Филадалфија – ЛА Клиперс            83:94

Мемфис – Орландо               94:85

Јупта – Портланд                  94:105

Сакраменто – Далас              112:97