Светот се збогува со Нелсон Мандела

10.12.2013 15:42

На Меѓународниот ден на човековите права  светот се збогува со Нелсон Мандела, најголемиот поддржувач и борец за еднаквост меѓу луѓето. Комеморацијата се одржува  на стадионот  ,,Совето“ во Јоханесбург.  Над сто државници од целиот свет му оддаваат последна  почит на големиот човек. Пристигнаа  американскиот претседател Обама, секретарот на ОН  Бан Ки Мун, лидерот на Куба Кастро, премиерот на Британија  Камерон, на Франција  Оланд. Вратите на стадионот се отворени од рано изутрината.

На Меѓународниот ден на човековите права  светот се збогува со Нелсон Мандела, најголемиот поддржувач и борец за еднаквост меѓу луѓето. Комеморацијата се одржува  на стадионот  ,,Совето“ во Јоханесбург.  Над сто државници од целиот свет му оддаваат последна  почит на големиот човек. Пристигнаа  американскиот претседател Обама, секретарот на ОН  Бан Ки Мун, лидерот на Куба Кастро, премиерот на Британија  Камерон, на Франција  Оланд. Вратите на стадионот се отворени од рано изутрината. Организаторите очекуваат над 80 илјади поддржувачи на делото и идеологијата на првиот црн претседател во светот .

Она што го направи за време на животот, тоа го прави и со смртта, ги зближува луѓето со различни мислења, политички и верски уверувања.-Зелда ла Гранж, асистентка на Мандела

Денеска сите треба да се чувствуваме горди што присуствуваме на еден свечен чин, горди сме што испраќаме еден ваков голем човек. Треба да ги зачуваме споменот за него и делото што го остави зад себе - Манфред Јакобс

На комеморацијата што е планирано да трае 4 часа, поздравен говор ќе одржи американскиот претседател Обама.  Мандела почина во минатата недела на 95-годишна возраст.

Марија Петковска