Кошаркарскиот првак се засилува

Иван Маринковиќ ново име во МЗТ Скопје

10.12.2013 19:22

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје, кој утре вечер ќе му гостува на естонски Калев во Талин, во претпоследното 9.коло од Еврокупот на УЛЕБ, соопшти дека се засилил со младинскиот репрезентативец на Србија, Иван Маринковиќ. 20-годишниот член на селекцијата на нашиот северен сосед за играчи под 20 години, којашто играше во полуфиналето на последното Европско Првенство, ќе ги засили позициите 4 и 5 во нашиот тим, на кои Гечевски и Чековски сезонава се максимално истрошени, а Рејнолдс не се покажа на очекуваното ниво.

Маринковиќ ја почна кариерата во младите категории на Црвена Звезда, по што се пресели во Партизан, од каде што во ланската сезона како позајмен играч настапуваше за ОКК Београд. Маринковиќ е првото кадровско засилување на МЗТ Скопје, по доаѓањето на новиот тренер Зоран Мартич, кој неодамна го наследи Влада Вукоичиќ.