Медведев за „Јужен Тек“

10.12.2013 19:16

„Билатералата е пред европското законодавство“, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев по средбата со словенечката премиерката Аленка Братушек во Москва. „Потпишаните спогодби меѓу државите за изградба на „Јужен тек“ имаат предност во однос на законодавството на Европската унија“, додаде Медведев. Тој нагласи дека Европа ќе добие гас преку „Јужен тек“ во роковите кои ќе бидат одредени. „Според меѓународното право, актите на ЕУ за земјите-членки претставуваат национално законодавство.

„Билатералата е пред европското законодавство“, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев по средбата со словенечката премиерката Аленка Братушек во Москва. „Потпишаните спогодби меѓу државите за изградба на „Јужен тек“ имаат предност во однос на законодавството на Европската унија“, додаде Медведев. Тој нагласи дека Европа ќе добие гас преку „Јужен тек“ во роковите кои ќе бидат одредени. „Според меѓународното право, актите на ЕУ за земјите-членки претставуваат национално законодавство. Меѓувладините спогодби со земјите од ЕУ, низ чија територија ќе минува „Јужен тек“, се акти на меѓународното право, а во него важи принципот за предност во однос на националното законодавство“, оцени рускиот премиер. Локалните медиуми пишуваат дека корекцијата на законодавството се однесува на договорите на Газпром со Австрија, Бугарија, Унгарија,Грција, Словенија, Хрватска и Србија. Русија сака да инвестира во приватизацијата на словенечките јавни претпријатија. Делницата од јужниот руски гасовод во Словенија ќе чини околу милијарда евра.