Кошарка, Еврокуп, 9.коло

Во Талин дуел на елиминираните

11.12.2013 11:47

Еврокупот одамна не е приоритет на МЗТ Скопје Аеродром, па затоа и денешното гостување во Естонија кај Калев е подготовка за претстојните предизвици во Јадранската лига. Двата тима досега остварија по една победа и забележаа по седум порази и немаат ниту теоретски шанси да се натпреваруваат за третата позиција во групата што обезбедува настап во вториот круг. Затоа македонскиот шампион во Талин отпатува без Гечевски, Чековски и Оташевиќ кои во Скопје ќе тренираат за неделниот меч со водечката екипа во АБА друштвото Црвена Звезда.

На првото меѓусебно одмерување на силите, во арената „Борис Трајковски“ нашиот состав се радуваше со 79-70, а доколку победи вечерва на средбата што почнува од 18 часот, ќе ја избегне последната позиција во групата „Ге“ во дебитантското учество во Еврокупот. За продолжен престој во него ќе решаваат другите пресметки од 9-то коло. Уникс е сигурен, во поволна положба е и Макаби Хаифа, а за третото место најверојатно ќе се натпреваруваат Банвит и Рига.

***

Еврокуп, 9.коло

Калев – МЗТ Скопје А.

Уникс – Рига

Банвит – Макаби Х.

Табела:

1.Уникс 8-0

2.Макаби Х. 6-2

3.Банвит 4-4

4.Рига 4-4

5.МЗТ Скопје 1-7

6.Калев 1-7