Mакедонската економија да биде столб на сите политики

11.12.2013 12:41

Девизните резерви се стабилни

Македонската економија да ја задржи стабилноста, да биде цврст столб на сите други политики, домашна задача од  гувернерот Богов за да се задржи рамнотежата на добрите  економски перформанси наспроти проекциите за раст на приватниот сектор в година.

 ,, Ако досега тој беше поттикнуван од странските директни инвестиции и јавните структури, сега од приватниот сектор, со тоа што ќе се зголемува и домашната побарувачка, и во такви услови треба да се внимава да не се наруши рамнотежата во македонската економија ,, -вели   Димитар Богов, гувернер на НБМ.

Со закрепнување на приватниот  сектор ќе се намали фискалниот стимул.  Одминува периодот на забрзано темпо на задолжување што беше својствено за сите земји особено изразено кај  западните, оценува Богов. Првиот човек на Централната банка тврди – се откупуваат девизи, резервите  се  стабилни, зголемувањето за 25, 6 милиони евра во третиот квартал е резултат на ценовните промени на златото, нема простор за  грижи, тврди  првиот човек на Централната банка.

,, Девизните резерви се на адекватно ниво и можат да ги издржат сите потенцијални шокови, вели Богов.

И покрај оценката на Светска банка дека најдобро стоиме во регионот, државата мора да биде претпазлива и да направи се за да ја задржи стабилноста, порачува креаторот на монетарната политика.  

 

Сузана Фиданска-Стоевска