Груевски во Германија

11.12.2013 13:34

Премиерот Никола Груевски и владиниот економски тим ги презентираа можностите за инвестирање во Берлин

Премиерот Никола  Груевски  и владиниот економски тим  ги презентираа  можностите за инвестирање  во Берлин  , на Конференцијата што ја организира Здружението за Источна и Средна Европа , во кое членуваат фирми што инвестирааат во 29 земји .

Најдобра препорака за да  инвестирате во Македонија е да прашате некој што веќе го направил тоа, а се поголем број компании реинвестираат и отвораат  втор капацитет, им порача премиерот Никола Груевски  на  германските компании .

Германија е најзначаен трговски партнер на Македонија но и  значаен инвеститор , а  компании како што се ,,Кромберг и Шуберт”  и ,,Дрекслермајер”, од неодамна работат кај нас и извезуваат, рече Груевски.

,, Ние сме мала држава и имаме можност да бидеме во почеста комуникација со компаниите.Така што, ако дојдете во Македонија јас би ве упатил прво да разговарате со некои од тие компании кои во последните години инвестирале во Македонија за да ги слушнете нивните размислувања  и да го проверите она што сега го зборувам .”-порача премиерот Груевски.

Укинавме  многубројни  бариери , реализиравме повеќе   проекти    и постојано го подобруваме економскиот амбиент што го вреднуваше  и Светска  банка во Дуинг бизнис извештајот во кој што  сме рангирани на 25-тото место- порача Груевски. Потврда за тоа се и рангирањата на Форбс или Херитиџ. Македонија не е земја што само нуди најниски трошоци за правење бизнис туку и  квалитетна образована работна сила. Даночниот пакет од 10% персоналец и данок на добивка  е атрактивен ,а за реинвестираниот профитот   не се плаќа данок им објасни Груевски на бизнисмените  .

 ,,Македонија нуди добри можности кои треба да бидат искористени  и ова претставување на поволностите треба да биде искористено  од страна на германските компании заинтересирани за соработка .”-смета Герд Ленга, претседател на Здружението за Средна  и за Источна Европа

,,Македонија е мошне интересно место за инвестирање  и согласно информациите кои стојат на располагање,македонската Влада е отворена за привлекување  странски капитал и  вреди да се навлезе подлабоко во процесот на инвестирање.” - вели  Хералд Грамс , сопственик на Консултантска куќа 

Освен учеството на Конференцијата премиерот Груевски и владиниот економски тим имаа средба  со повеќе реномирани германски  компании  и инвеститори ,  банкари ,консултанти,автомобиски фабрики,градежници .

,,Македонија воведува многу иновативни инструменти  и погодности на пазарот што овозможува да има едни од најдобрите стапки  и рангирања во регионот.Лобирањето за нови инвестиции што го прави државата апсолутно е една од најисправните работи кои треба да се прават.” - изјави Петар Тилс, директор на Дојче банк за Средна  и Источна Европа.

Дел од компаниите побараа дополнителни информации  и најавија дека ќе ја посетат земјава и слободните економски зони . 

Свето Николовски