Комплетирана листата на 1/8 финалистите

12.12.2013 11:08

По четири англиски и германски екипи, три шпански и „останатиот“ дел од Европа  кој го сочинуваат Франција,  Италија, Грција, Русија и Турција со по еден претставник,  е натпреварувачката структура од нокаут фазата во Лигата на фудбалските шампиони.

Завршната  сеанса од групната фаза ги даде последните патници за 1/8 финалето.

По четири англиски и германски екипи, три шпански и „останатиот“ дел од Европа  кој го сочинуваат Франција,  Италија, Грција, Русија и Турција со по еден претставник,  е натпреварувачката структура од нокаут фазата во Лигата на фудбалските шампиони.

Завршната  сеанса од групната фаза ги даде последните патници за 1/8 финалето.

Од Е групата Шалке со победата над Базел во директниот дуел му се придружи на веќе пласираниот Челзи. Расплетот во Ф групата со многу драматика на крај се заврши поволно за Борусија Дортмунд по победата во Марсеј. Наполи остана покус само за еден гол во тешката мисија против Арсенал. Во Г групата  Зенит беше „среќен губитник“ во Виена, бидејќи и Порто беше надигран во Мадрид од разиграниот Атлетико. На Сан Сиро Милан го зачува потребниот бод против Ајакс што го одведе во следната фаза.Во натпреварот од Б групата  во Истанбул меѓу Галатасарај и Јувентус, кој поради невреме беше прекинат и дополнително одигран, турскиот првак славеше со 1:0 и ги продолжува настапите во Лигата на шампионите.

 

Е група:

Челзи- Стеауа  1:0

Шалке- Базел  2:0

Табела

1. Челзи        12

2. Шалке       10

3. Базел           8

4. Стеауа         3

 

Ф група

Наполи- Арсенал 2:0

Марсеј- Борусија Д. 1:2

Табела

1. Борусија Д.    15

2. Арсенал         15

3. Наполи          15

4. Марсеј             0

 

Г група

Атлетико М- Порто  2:0

Аустрија Виена- Зенит  4:1

Табела

1. Атлетико М.         16

2. Зенит                      6

3. Порто                      5

4. Аустрија                 5

 

 

Х група

Барселона- Селтик   6:1

Милан- Ајакс     0:0

Табела

1. Барселона   13

2. Милан           9

3. Ајакс             8

4. Селтик          3

 

Базел, Наполи, Порто и Ајакс како третопласирани во групите ќе им се приклучат на екипите кои се натпреваруваат во Лигата на Европа. Извлекувањето на двојките од 1/8 финалето во Лигата на шампионите ќе се одржи на 16 декември во Нион.