Што да јадедете додека патувате низ светот?

17.07.2014 12:46

Важен фактор за впечатокот, што ќе го добиете за земјата домаќин е храната....

На патувањата секогаш чувствувате притисок што е можно подобро да ги искористите тие денови за стекнување на повеќе искуства.
 
Важен фактор за впечатокот, што ќе го добиете за земјата домаќин е храната.
 
Следуваат некои специјалитети, кои треба да ги пробате на дестинациите, кои ги посетувате...
 
Берлин
 
Доколку сте голем љубител на месото, можеби ќе помислите дека треба да навалите на германските шницли. Меѓутоа вистински специјалитет на оваа земја е швајнбратен, вид на прасечко печење со кнедли, кои се јадат со голема кригла пиво.
 
Еден од рестораните, кои служат одличен швајнбратен е Клерхенс Балхаус.
 
Истанбул
 
Комбинацијата од бои, глетки и звуци во Истанбул одлично се согласува со експлозијата на вкусови, кои ги носи турската храна.
 
Имајќи предвид дека Турција имала големо влијание врз кујната на Македонија, тешко е да се оцени кое јадење е најрепрезентативно.
 
Задолжително пробајте го турскиот локум, кој речиси и нема никаква сличност со оние што можете да го пробате во Македонија и може да се најде во многу различни егзотични вкусови. Сите варијатни на ќебапи, а ги има многу, извонредни се и заслужуваат да ги пробате. На крај испијте и филџан турско кафе.
 
Сиетл
 
Сиетл стана гастрономска Мека на САД. Препознатливи за овој град се мошне необичните крофни, а нејнеобични се секако оние со сланина и јаворов сируп.
 
Најдобрите можете да ги најдете во кафтеријата The Daily Dozen во улицата Пајк, но подобро би било да пораните, бидејќи брзо се трошат.
 
Дубаи
 
Дубаи станува се попримамлива гастрономска дестинација, благодарение на мноштвото различни кујни, кои можат да се пронајдат. Задолжително треба да ги пробате либанските, арапските и иранските специјалитети, а на врвот е Гузи, јадење од јагнешко и ориз, сервирано со хумус и зеленчук.
 
Амстердам
 
Свежите производи на Холандија, а особено во Амстердам, ви обезбедуваат добар оброк. Патката, тука е навистина спектакуларна и морате да ја пробате во комбинација со свежи салати.
 
Токио
 
Во Токио најпрво со брз воз заминете до Јокохама, каде се служи свеж сашимо појадок со штотуку уловени плодови од морето.
 
Токио стана се поамериканизиран, така што би требало да го прескокнете сушито, доколку сакате да ги пробате вистинските специјалитети. Подобар избор е рамен, а Ен ин Хачиоји го служи веројатно најдобриот.
 
Ханој
 
Најдобар оброк, кој можете да го добиете во Виетнам е Пхо (се изговара фу). Тоа е бистра супа со мирисни зачини и тестетина, која се служи со пикатни свински ќофтиња Бун Ча.
 
Иако фу можете да го најдете на секој ќош, особено добар е оној во Пхо 10, кој се наоѓа аголот на улицата Чан Кам.