Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Временска прогноза

09.10.2013 10:04

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб јужен ветер.
 
Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 14 до 20 степени.
 
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд особено претпладне. Ќе дува слаб јужен ветер. Утринската ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 17 степени.