Банкарите ветија доволно пари за добрите проекти на фирмите

12.12.2013 13:11

2013-та беше добра економска година за Македонија

2013-та беше добра економска година за Македонија,  растот беше придвижуван од високото ниво на капитални инвестиции и од зголемувањето на извозот,особено од  фабриките на странските компании што работат во слободните економски зони .В година вицепремиерот очекува зголемување на инвестициите на приватниот сектор. Тој побара од домашните  фирми да се вклучат во синџирот за снабдување  на глобалните компании што  работат кај нас .

,,Ќе детектираме 20 -30 домашни компании што имаат потенцијал со дополнителни вложувања , со тренинг на вработените и на менаџментот и купување нова опрема ако е потребно ,за што истотака имаме обезбедено средства , да го подигнеме технолошкиот капацитет на домашните фирми . “- најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој  побара од банките ,особено  од поголемите,  во услови кога реално се намалени ризиците , да ја зголемат кредитната поддршка на компаниите.Приватниот сектор ќе ја има на располагање и новата кредитна линија од ЕИБ ,а зголемените капитални инвестиции  кои ќе надминат 525 милиони  евра  и големите инфраструктурни проекти ќе овозможат  ангажирање на голем број домашни фирми . Државата ,во вид на записи користи околу 582 милиона евра  од банките  кои ветија пари  за сите добри проекти .

,, Затоа што има доволно ликвидност  и ако се јават  нови  проекти тие пари се краткорочни и може веднаш да се пренаменат .”- порача  Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението за банкарство  и прв директор на НЛБ-Тутунска.

Оваа година ќе ја завршиме со околу 3% раст на БДП , смета првиот финансиер,  а зголемените домашни инвестиции и економското заживување во еврозоната  ќе бидат добар старт за в година.

 

Свето Николовски