Атланта одмораше

Сан Антонио и Оклахома останаа на победнички курс

12.12.2013 14:11

Во ноќта за одмор на Атланта на Перо Антиќ, Сан Антонио и Оклахома го прославија 17-от триумф во сезоната во НБА лигата. Сан Антонио беше доминантен на паркетот на Милвоки со 109-77, а на ниво беше и Оклахома на гостувањето кај Мемфис со 116-100. Со идентичен биланс 17-4 двете екипи се зад Портланд кој води во западната конференција. Крис Пол со 22 коша придонесе за радост на Клиперс против Бостон со 96-88, во дербито на истокот Њујорк дома го совлада Чикаго со 83-78, а Кармело Ентони постигна 30 поени со десет скока. Голден Стејт го искористи домашниот терен против Далас со 95-93.

Во ноќта за одмор на Атланта на Перо Антиќ, Сан Антонио и Оклахома го прославија 17-от триумф во сезоната во НБА лигата. Сан Антонио беше доминантен на паркетот на Милвоки со 109-77, а на ниво беше и Оклахома на гостувањето кај Мемфис со 116-100. Со идентичен биланс 17-4 двете екипи се зад Портланд кој води во западната конференција. Крис Пол со 22 коша придонесе за радост на Клиперс против Бостон со 96-88, во дербито на истокот Њујорк дома го совлада Чикаго со 83-78, а Кармело Ентони постигна 30 поени со десет скока. Голден Стејт го искористи домашниот терен против Далас со 95-93. Повторно блесна Стефон Кари со 33 коша збогатени со десет асистенции. На другите мечеви: Минесота – Филаделфија 106-99, Њу Орлеанс – Детроит 111-106 по продолжување, Сакраменто – Јута 101-122 и Шарлот – Орландо 83-92.