Во организација на МНР денеска ќе биде одржана свеченост

Одбележување две децении од воспоставувањето дипломатски односи со 20-тина земји

09.10.2013 10:18

Одбележување две децении од воспоставувањето дипломатски односи со 20-тина земји

Во организација на МНР денеска ќе биде одржана свеченост по повод дваесетгодишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со повеќе од дваесетина земји.
 
На свеченоста во Македонската опера и балет пригодно обраќање ќе има министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски.  
 
Во рамки на свеченоста, ќе биде  отворена изложба со дела од познати уметници од земјите учеснички на манифестацијата, по што следува и гала концерт на Македонската филхармонија.