Промоција на новиот фудбалски селектор

Ѓуровски верува во Македонија

12.12.2013 15:53

Долго време Бошко Ѓуровски се врати во македонскиот фудбал и тоа на клупата на репрезентацијата. И покрај неуспехот во квалификациите за бразилскиот мундијал, новиот селектор препознава квалитет во националната селекција. Негова лична цел којашто кореспондира со амбициите на Федерацијата и веројатно на јавноста е нашата репрезентација најмалку да биде во игра за пласман или барем за бараж и тоа до последното квалификациско коло за Европското првенство во 2016-та во Франција.

Долго време Бошко Ѓуровски се врати во македонскиот фудбал и тоа на клупата на репрезентацијата. И покрај неуспехот во квалификациите за бразилскиот мундијал, новиот селектор препознава квалитет во националната селекција. Негова лична цел којашто кореспондира со амбициите на Федерацијата и веројатно на јавноста е нашата репрезентација најмалку да биде во игра за пласман или барем за бараж и тоа до последното квалификациско коло за Европското првенство во 2016-та во Франција. За Ѓуровски, двегодишната соработка, на колку што е потпишан договорот, претставува чест, дополнителните две ќе зависат од резултатите.

„Јас сум по природа оптимист, знам дека доаѓам во незгодно време по неуспешните квалификации за Бразил, но убеден сум дека Македонија има талент и потенцијал е дека ќе бидеме во игра за Франција 2016“, рече Ѓуровски.

Селекторот не се откажува од никој, ја чекаше официјалната промоција за да контактира со Пандев со надеж дека доскорашниот капитен ќе ја повлече одлуката, затоа што според селекторот и е потребен на Македонија, затоа што е најдобар, идол на младите и омилен кај репрезентативците. Ѓуровски кој последните шест години работеше како асистент во јапонска Нагоја има и концепт и своја фудбалска филозофија.

„Ќе играме офанзивен и динамичен фудбал. Гледајќи ги претходните мечеви храброста е тоа што недостасуваше. Ќе барам од сите фудбалери да дадат максимум и тоа ќе биде нашето мото“, изјави нашиот нов кормилар.

ФФМ има доверба во Ѓуровски и е подготвена да ги обезбеди сите потребни услови за успешен циклус.

„Ѓуровски е врвен стручњак и се надевам ќе и донесе радост на целата македонската јавност“, смета Георгиевски.

До првиот натпревар за бодови има девет месеци, доволно време селекторот на терен да ја процени состојбата. Наредниот ФИФА термин за пријателски дуели е во 2014-та, во тек се преговори со неколку репрезентации, па се очекува Ѓуровски да дебитира на 5 март и тоа по можност на Националната Арена во Скопје.