Прва лига, кошарка

Во „Парк“ решение за Суперлига

13.12.2013 10:24

Струмица и Фени се најсериозни кандидати за последната позиција што обезбедува настап во суперлигашката фаза во нашата Прва кошаркарска лига. Затоа нивниот меѓусебен дуел од 11-то коло го носи епитетот дерби. Во него струмичани ќе влезат со четири победи и со пет порази досега, а билансот на кавадарчани е 3-6 што значи дека со евентуален триумф Струмица може да создаде голема предност во трката за петтото место.

Струмица и Фени се најсериозни кандидати за последната позиција што обезбедува настап во суперлигашката фаза во нашата Прва кошаркарска лига. Затоа нивниот меѓусебен дуел од 11-то коло го носи епитетот дерби. Во него струмичани ќе влезат со четири победи и со пет порази досега, а билансот на кавадарчани е 3-6 што значи дека со евентуален триумф Струмица може да создаде голема предност во трката за петтото место. Работнички, Кожув, Лирија и Куманово се издвоија според квалитетот, па ако се има предвид дека шампионот МЗТ Скопје има сигурен настап во Супер лигата, денешниот дуел во салата „Парк“ има своевиден елиминациски карактер.

Првата пресметка во „Јасмин“ заврши со победа на Струмица со 77-74, а како ќе биде денеска може да погледнете во преносот на Првиот канал на Македонската телевизија од 17 и 30.

 ***

Прва македонска кошаркарска лига, 11.коло, денеска:

Струмица – Фени (17.30 МТВ 1)

Кожув - Пелистер

Вардар Апаве – Куманово (утре)

Лирија – Карпош С. (недела)

***

Табела:

1.Работнички 17

2.Кожув 17

3.Лирија 16

4.Куманово 15

5.Струмица 13

6.Фени 12

7.Вардар Апаве 11

8.Карпош Соколи 10

9.Пелистер 9