Формула 1

Хамилтон најбрз на тренинзите

25.07.2014 16:37

Двата петочни слободни  тренинзи во пресрет на утрешните квалификации за трката на ГН на Унгарија минаа со доминација на возачот на Мерцедес , Луис Хамилтон.
 
Двата петочни слободни  тренинзи во пресрет на утрешните квалификации за трката на ГН на Унгарија минаа со доминација на возачот на Мерцедес , Луис Хамилтон.
 
4-кратниот заедно со Шумахер рекодер според бројот на триумфи на Хунгароринг,Хамилтон одново беше недостижен за конкурентите. Најбрзите времиња беа поставени на средината од вториот слободен тренинг во време на одржување на утрепните квалификации и неделната трка. 55-те степени целзиусови на патеката бе апричина за доста излетувања и тешка контрола на болидите, но Хамилтон на меката компонента пневматици  сепак успеа да постави време 1.24.482 што беше безмалку за 2,5 десетинки побрзо од неговиот клубски колега Нико Розберг и за 6,2 десетинки од секундата во однос на Себастијан Фетел, иако дотогаш се чинеше дека актуелниот шампион извозе неверојатно добар круг што сепак беше лесно достижно за возачите на Мерцедес. Во 1 секунда со Хамилтон влезе уште Фернандо Алонсо,а разочаруваки настапи имаа возачите на Вилијамс, Маса и Ботас кои никако не успеваа да го пронајдат вистинскиот сет-ап на меката компонента и доцнеа по повеќе од 1,5 секунди.
 
Со оглед на конфигурацијата на патеката во Унгарија , јасно е дека добрата стартна позиција ќе игра голема улога за исходот на трката.
 
Кој ќе биде на пол? Ќе се решава утре од 14 часот кога ќе стартува и преносот на првиот програмски сервис на МРТ.