Хјустон подобар од Портланд во тексашката НБА пресметка

Ламаркус Олдриџ со чудесни бројки – 31 поен и 25 скокови

13.12.2013 12:02

Во скромната НБА-понуда од ноќта меѓу четврток и петок со само два одиграни натпревара, Бруклин триумфираше над Лос Анџелес Клиперс со 102-93, а Портланд славеше против Хјустон со 111-104.

За Бруклин, ноќешното издание беше најдобро по она во победата над Мајами уште пред месец и половина. Клиперс имаа тесно водство по првиот период, но Нетс имаа неверојатни втори дванаесет минути коишто ги добија со неверојатни 36-19. Во последната четвртина влеагоа со позитива од 21 кош, по што можеа и да олабават во завршницата.

Андрај Блаче и Пол Пирс беа најдобри поединци во редовите на Бруклин со по 21 постигнат кош, во мечот во којшто Пирс и Кевин Гарнет му се противставија на Док Риверс, под чиешто водство сите заедно во 2008 го освоија шампионскиот прстен. Во сегашниот тим на Риверс, ЛА Клиперс, први имиња беа Брук Лопез со 16 и Дерон Вилијамс со 15 поени. Блејк Грифин заврши со „дабл-дабл“, 12 поени и 11 скокови.

Херој на Портланд во успехот против Хјустон беше Ламаркус Олдриџ, со несекојдневен дострел од 31 поен и дури 25 (!) скокови. Блејзерс продолжуваат со одличната форма сезонава, откако со овој триумф му  се реваншираа на противникот за еден од само четирите порази коишто ги претрпеа во досегашните 23 натпревари. Десетти пат годинава Рубин Лопез забележа „дабл-дабл“, овојпат 16 поени и 10 скокови.

Премалку за нова победа на Рокитс беше извонредното издание на Двајт Хауард, кој уфрли 32 поени, остварувајќо и 17 скокови. Џејмс Харден имаше ефект од 25 коша и седум асистенции.

*

НБА Лига, резултати четврток

Бруклин – ЛА Ксиперс        103-92

Портланд – Хјустон              111-104