Фудбал, Лига Европа

ПСВ Ајндховен пак испадна во групната фаза

13.12.2013 12:29

Черноморец, Динамо Киев, Макаби Тел Авив, Марибор, Либерец и Свонси ги пополнија последните шест делчиња од 1/16-финалниот мозаик во фудбалската Лига Европа, по синоќешното 6.коло од групната фаза.

Тимот од Одеса го направи изненадувањето на вечерта со победата од 1-0 на гости над ПСВ Ајндховен. Го елиминираше фаворизираниот холандски тим и преку групата Б првпат во клупската историја обезбеди пролет во Европа.

Завршната загатка успешно ја реши и вториот украински претставник Динамо Киев, кој го победи Рапид Виена и заврши прв во групата Г.

Марибор го совлада Виган со 2-1 и направи скок од последното на второто место во групата Д, исфрлајќи ги од конкуренција победникот на англискиот ФА Куп и Зулте Варегем.

Свонси се пласираше понатаму преку групата А, иако загуби со 1-0 од Сент Гален, бидејќи Кубан одигра само 1-1 на гости кај Валенсија.

Макаби Тел Авив не пропушти со триумф од 1-0 над Бордо да го осигура второто место во групата Ф, исто како и Либерец, кој победи во Есторил и го мина Фрајбург во трката за истата позиција во групата Х.

Ждрепката за 1/16 и за 1/8-финалето ќе биде одржана в понеделник во Нион. 32-те екипи учеснички ќе бидат поделени во два сада. Во едниот ќе се најдат дванаесетте победници на групите и најдобрите четири од осумте третопласирани екипи коишто испаднаа од Лигата на шампионите, а во вториот сите преостанати.

Термини за 1/16-финалето се 20 и 27 февруари 2014.

*

Носители

АЗ Алкмар, Ајнтрахт, Фиорентина, Генк, Лудогорец, Лион, Рубин, Салцбург, Севилја, Тотенхем, Трабзон, Валенсија + Базел, Бенфика, Наполи, Шахтјор.

Неносители:

Анжи, Бетис, Черноморец, Днипро, Динамо Киев, Есбјерг, Лацио, Макаби Тел Авив, Марибор, Паок, Либерец, Свонси + Ајакс, Јувентус, Порто, Плзен.