Рикардо прв во трката што ќе се памти

27.07.2014 18:32

Конечно, формула 1 трка како во старите добри времиња, возбудлива од почеток до крај во која имаше од се по нешто излетувања, акција , претекнувања, а беше прекината и доминацијата на Мерцедес откако со фантастичен финиш и тоа во директен дуел со Алонсо и Хамилтон , до втората победа сезонава , а и во кариерата стигна возачот на Ред Бул , Даниел Рикардо. Друштво на подиумот на крајот на унгарското гран при му правеа два големи шампиона, Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон.

Конечно, формула 1 трка како во старите добри времиња, возбудлива од почеток до крај во која имаше од се по нешто излетувања, акција , претекнувања, а беше прекината и доминацијата на Мерцедес откако со фантастичен финиш и тоа во директен дуел со Алонсо и Хамилтон , до втората победа сезонава , а и во кариерата стигна возачот на Ред Бул , Даниел Рикардо. Друштво на подиумот на крајот на унгарското гран при му правеа два големи шампиона, Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон. Алонсо беше константен со болидот на Ферари и успеа да прогресира уште на стартот, но човекот на денот покрај Рикардо е одново Луис Хамилтон. Пред 7 дена стартуваше од последниот ред, денеска од пит- лејнот но одново се најде на пиедесталот оставајќи го без подиум својот клубски колега и лидерот во генералниот пласман Нико Росберг, чија предност сега е намалена на 11 поени во однос на британецот.

Во поени влегоа уште и Маса, конечно и Раиконен, потоа Фетел, Ботас, Верњ и Батон. Несомнено е забележителен прогресот на другите тимови во однос на Мерцедес , но треба да се истакне дека за сета возбуда и атрактивност на трката на Хунгароринг  придонесе и дождот непосредно пред стартот, менувањето на тактиката во од, излетувањата на Ериксот, а потоа и на Перез, излегувањето на возилото за безбедност, што се заедно на крајот кулминира во незаборавна трка. Најубава најава дека по 30-тината дена пауза до следниот натпревар на Спа во Белгија може да очекуваме уште поголеми возбудувања и неизвесност.